Руји Марк е голем навивач на холандскиот клуб Феенорд, а неговите колеги навивачи решиле да му ја исполниле последната желба.
На Црвениот Марк од неодамна му бил откриен рак, а докторите му соопштиле дека има само уште неколку дена живот.
Овој навивач бил многу скромен и посакал само уште еднаш да го гледа својот омилен клуб Феенорд. Колегите навивачи успеале тоа да му го исполнат, бидејќи Феенорд тие денови имал припреми за наредната сезона.
Навивачите од трибините го довикувале името на Марк палејќи бакли и во негова чест ја отпеале познатата песна “You’ll Never Walk Alone“, а секој од играчите се поздравил со „Црвениот Марк“.
Пријателите го донеле од болница на болнички кревет, и му ја исполниле последната желба, а тој со солзи во очите ги проживеал најубавите моменти во неговиот живот.
Руји Марк починал три дена покасно.