За жал ниедна диета нема да ги елиминира последиците од пушење, но правилната исхрана може да ги ублажи.
Отровите кои се наоѓаат во чадот, најлошо им делуваат на луѓето со недостиг на хранливи материи. Се разбира, најдобро ќе биде да се откажете од пушење. Но, ако не сакате или не сте во состојба тоа да го направите, потрудете се барем здраво да се исхранувате. Овој режим го пренесува сајтот Попара.мк
Кај пушачите се утврдени големи загуби на витамини и минерали. Затоа диетата за пушачи треба да изобилува со разновидно свежо овошје и зеленчук. Луѓето кои што не можат да ги остават цигарите, првенствено треба да се осигураат дека нивната секојдневна исхрана е богата со витамини А, Б, Ц, Е и бета каротин и фолна киселина. Чадот од цигарите предизвикува значителни загуби на овие хранливи состојки, затоа треба постојано да се надополнуваат.
Покрај зголемената доза на витамини, менито на пушачите треба да содржи активни анти – канцерогени состојки. Кои можеме да ги најдеме во краставиците, агрумите (лимони, портокали, мандарини и др), лукот, семките од лен, рузмаринот итн. А, од исхраната треба да се исклучат производи кои се сметаат за канцерогени како што се: печурките, пушените меса и сирењата.
Храната треба да е варена или динстувана. Најдобро е да се откажете од пржењето, бидејќи за време на пржењето се создаваат полициклични ароматични јагленохидрати кои се сметаат за директен причинител на канцерогени болести.
Исто така пушачите треба да пијат многу вода, која помага во отстранување на отровите од телото. Треба да пијат и зелен чај, кој ги заштитува белите дробови и гастроинтестиналниот тракт. Освен тоа, зелениот чај е одличен извор на антиоксиданси, кои го успоруваат процесот на стареење, а како што веќе знаеме пушењето го забрзува.
Извор – Попара.мк