Лукас Нови од Брно во Чешка тврди дека неговата „пастафаријанска“ вера му налага постојано да носи цедилка на главата.
Поради тоа, властите заклучиле дека со забрана така и да се слика за личната карта би претставувала кршење на неговите човечки права.
– Неговото барање е во рамки на чешкото законодавство според кое, е дозволено носење на предмети на глава поради религиски и медицински причини – изјавил претставник на градскиот совет Павел Зара.
Нови тврди дека е член на „Црквата на летечкиот шпагети монструм“ чија „единствена догма е одбивањето на секаква догма“.