За нешто повеќе од 20 години, Сана во Јемен може да стане прв светски главен град кој ќе остане без вода. Лошата управа и не водењето сметка за животната средина до некаде се виновници за пресушувањето на чешмите во градот. Меѓутоа, постои еден виновник кој предизвикува најголемо изненадување: националната зависност од растението кат, наркотик за чие одгледување треба многу вода. На одгледувањето на кат, умерено опојно растение кое ослободува стимуланс кога се џвака, годишно оди 40 отсто вода која се троши во Сана.
Ако продолжи ваквиот тренд, 4,2 милиони жители на градот до 2025 година ќе станат бегалци поради вода, бидејќи ќе бидат принудени да го напуштат сушниот роден град и да одат во краишта кои би биле побогати со вода. Подготвувајќи се за тоа сценарио, некои политичари веќе почнаа да ја разгледуваат можноста главниот град да се пресели на брегот. Други предлагаат концентрирање на десалинизација и чување на вода за да се добие на време.
Додека политичарите се расправаат кој е најдобриот правец за Јемен, се помалите резерви на вода веќе водат во нестабилност: според пишувањето на водечкиот весник во земјата Ал Тавра, 70 до 80 отсто конфликти во руралните региони на Јемен, се во врска со водата. Според проценката на јеменското Министерство за внатрешни работи во судирите околу водата и земјиштето годишно страдаат 4.000 луѓе, што е 35 пати повеќе од бројот на жртвите во најсмртоносниот напад на Ал Каеда во историјата на земјата.
На одгледување на кат, умерено опојно растение кое ослободува стимулсанс кога се џвака, годишно оди околу 40 отсто вода која се троши во Сана и тој процент постојано расте. Причините лежат во тоа што за одгледување треба многу вода, многу повеќе од наводнување на кафето, кое добро успева на јеменско тло и затоа што секоја година се насадува окоу 12 отсто повеќе кат. Не само што ова растение ги пресушува резервите на вода во Сана, туку со садењето на кат заменети се десетици илјади хектари посеви на растенија од животно значење, овошје, зеленчук и кафе, што ги зголеми цените на храната.
Зошто кат се произведува се повеќе? Земјоделците сакаат да трошат голема количина на вода за одгледување на ова растение, бидејќи тоа дава поредовен род од другите посеви и бидејќи пазарот за него практично е гарантиран. Секој кубен метар вода кој се користи за одгледување на кат дава пет пати поголем профит за разлика од на пример грозјето.
Овој производ не изненадува – според податоците на СЗО, околу 90 отсто возрасни мажи во Јемен џвакаат кат три или четири часа на ден, а жените буквално пејат во чест на ова растение. На свадби и во специјални прилики, според квалитетот на катот кој се служи на гостите се мери колку некое семејство котира во општеството.
Може да се помисли дека оваа популарна дрога е длабоко вкоренета во културата на народот, но нејзината широка употреба всушност е релативно нова: во текот на 70-тите кога во Јемен немало асфалтирани патишта, катот кој после собирањето може да стои до два дена, често не можел да стигне на време до купувачите и бил достапен на мал број луѓе.
Јеменската влада за да ја намали потрошувачката на водата треба да ги мотивира земјоделците да се преориентираат на посеви кои не бараат голема количина на вода. Моментално, владата дава субвенции на дизело горивото кое најмногу се користи за црпење на вода, кое чии 80 отсто од трошоците за одгледување на кат. Ниската цена на црпењето на водата, не ги мотивира сточарите да се преориентираат на одржлива земјоделска пракса.
Меѓутоа, зголемувањето на цената на црпењето на водата не е доволно сосема да се обесхрабри производството на кат, но тоа барем може да ги натера сточарите да размислат за поефикасни техники за наводнување.
Исто така треба да се покрене кампања против употребата на кат. Иако тоа не е смртоносно растение, носи многу здравствени ризици, хиперактивност, зголемен крвен притисик, компликации со слезината и импотенција, а ни социјалната страна не е занемарлива. Ширум земјата во просек околу 30 отсто од приходите од домаќинствата се троши на купување на кат, наспроти фактот дека 45 отсто од јеменското население живеат под граница на сиромаштија. Катот исто така се поврзува со намалена продуктивност во работата.
Во кампањата против употребата на кат, јеменската влада има добар модел: сопствена кампања за штедење на вода од 2007 година за чии потреби измисли личност со име Ровјан, што значи тој кој гаси жед. Плакатите со неговиот лик ќе бидат залепени секаде низ градот Сана, а оваа кампања успеа да убеди некои граѓани на Јемен, дека недостигот на вода претставува голем проблем во земјата. Слична кампања против кат може постепено да одврати некои корисници од џвакање на тоа растение.
Denesen