По застојот во сообраќајот, километарските колони и чекањето со часови кај патарината на автопатот Куманово-Скопје – од вчера е воведена можност за плаќање и со железни евра, а се отвораат повеќе излези во насоките каде што има најмногу возила.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски проблем било што не се примаа железни монети поради што наплатата траела подолго.
Од вчера за да се избегне застој странците може да ги плаќаат патарините и со метални евра.
„Исто така, овозможивме од пет можни рампи четири да се отворени за дестинацијата каде има поголем број возила. Овие два дена имаше енормен број возила како никогаш досега во последните 15 години и затоа имаше таков застој, рече Јанакиески.