Музејскиот комплекс „Бран“ во Романија, попознат како „Замокот на Дракула“, минатата година на сопствениците од кралската династија Хабсбург им донел добивка од 1,2 милиона евра.
Компанијата што управува со комплексот, информира дека од вкупните приходи во износ од два милиона евра, чистата добивка е 1,2 милиона евра.
„Замокот на Дракула“ е на второ место на листата на списанието „Форбс“ на најскапи замоци во светот, а неговата вредност се проценува на 140 милиони евра.
Вредноста на замокот што се наоѓа недалеку од романскиот град Брашов, во последните три години нарасна за повеќепати, а пред се откако државата му го врати на сопственикот, надвојводата Доминик де Хабсбург.
„Замокот на Дракула“ е најпосетувамиот туристички објект во Романија, со над 500.000 посетители годишно, од кои повеќето се странци. Меѓу посетителите на замокот биле и Кевин Костнер, Николас Кејџ, Куба Гудинг Џуниот и други познати личности.