Пронајдена порака која никој не може да ја дешифрира (Видео)


Британските шифранти не можат да ја дешифрираат пораката која неодамна е најдена на ногата на мртов гулаб. Поради тоа повикаа доброволци да им помогнат.

sifrirana-poraka2-260x195Реновирајќи го стариот оџак на својата куќа, еден Британец пронашол костур од гулаб писмоносец на чија нога било прицврстено кутиче со шифра од Втората светска војна.

На листот рачно се испишани 27 групи од по пет букви. Во потпис стои кратенката „Sjt“, со која порано се означувала титулата „нареник“, па се претпоставува дека пораката е пратена од една воена единица.

Но, стручните лица не успеале да го идентификуваат целиот потпис „W Stot Sjt“, како ниту шифрата „X02“ која го означува примачот.

Научниците веруваат дека оваа порака би можела да биде шифрирана на два начина – или со „клуч“ кој го знаат само праќачот и примателот, или со помош на книга на шифри.

И двете можности оставаат малку надеж за откривање на значењето на пораката.

Стручните лица се надеваат на помош, сметајќи дека има суште живи луѓе кои за време на војната работеле во комуникациските центри и кои би можеле да ја разјаснат пораката.

BBC ги повикува своите читатели да го откријат кодот:

AOAKN HVPKD FNFJW YIDDC

RQXSR DJHFP GOVFN MIAPX

PABUZ WYYNP CMPNW HJRZH

NLXKG MEMKK ONOIB AKEEQ

WAOTA RBQRH DJOFM TPZEH

LKXGH RGGHT JRZCQ FNKTQ

KLDTS FQIRW AOAKN 27 1525/6

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1