Внимавајте измама: По повик од странство,ќе ви дојде огромна сметка – еве од што да се пазите


Српското Министерство за внатрешни работи ги предупреди своите граѓани да не одговараат на повици и да не повикуваат телефонски броеви кои почнуваат на +88, +39, +390, +391, +392, +393, +394 и други, бидејќи станува збор за измама.

Според Министерството, ова е нов вид криминал, кој е многу распространет во Европа, а од неодамна се врши и во Србија.

prisluskuvanjeЗа време на истрагата е утврдено дека корисникот на мобилен телефон добива пропуштен повик, кој почнува на некој од наведените меѓународни телефонски кодови. Повикот може да се прими доколку телефонот навистина звони, но и без да зазвони.

Доколку корисникот веднаш го избрише повикот, со тој потег ќе се заштити. Но, ако го повика бројот на пропуштениот повик, тогаш тој станува жртва на криминалците. Една од жртвите која го пријавила случајот во српската полиција загубила повеќе од 2.000 евра.

Одредени броеви со овие телефонски кодови го вовлекуваат корисникот во ситуација, кога ќе го повика бројот да не може да го прекине повикот и на тој начин прави огромни сметки.

Бројот на пријавите во српската полиција секој ден се повеќе се зголемуваат, а жртвите на овој криминал влегуваат во огромни финансиски проблеми

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1