Во прилепската касарна „Мирче Ацев, почнаа чествувањата по повод 12-годишнината од масакрот кај месноста Карпалак кога на 8 август 2001 од конвојот со над 100 воени резервисти загинаа 10 прилепски бранители. Семејствата на загинатите, преживеаните од конвојот, здруженија, претставници ор АРМ и Касарната, од локалната самоуправа положија цвеќе пред спомен обележјето во кругот на касарната.
Прилепските бранители Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко заслужија во кругот на оваа касарна да имаат катче посветено на нив каде ќе можат граѓаните на Прилеп, а посебно учениците да дојдат, да го почувствуваат патриотизмот и да учат како се сака и брани татковината, затоа и ќе се реновира спомен собата.
Утре делегација ќе замине кај месноста Карпалак каде се случи масакрот пред 12 години кога загинаа 10-те воени обврзници. Во Прилеп ќе биде положено цвеќе на гробовите на загинатите.
Главното чествување е утре на пладне пред споменикот во центарот на градот. Прилеп утре официјално ќе го открие и новиот голем споменик „Прилепски бранители“ среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основниот суд. Високиот модерен споменик ја симболизира вечноста на делата на хероит