Во тестенини за деца пронајдена пластика


Агенцијата за безбедност на храната во Босна и Херцеговина добила известување дека на пазарот во земјата дистрибуиран е француски производ наменет за деца, што содржи делови од пластика.
dete jadeОд Агенцијата е соопштено дека во известувањето се работи за производот „Italian noodle dish with vegetables“, чиј произведувач Матерна од Франција, а увозник за БиХ е ДМ Дрогери маркет.
Веднаш по примањето на известувањето, Агенцијата упатила барање до надлежните инспекциски органи во БиХ, поради сонителен ризик по здравјето на потрошувачите итно да се утврдат состојките во производот и да се превземат соодветни мерки.
Мерките за повлекување на овој производ од пазарите, инаку се превземени во пет земји во Европската унија: Германија, Унгарија, Словачка, Словенија и Романија, соопштиле од Агенцијата за безбедност на храната во БиХ.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1