Бегајте од сонце денес – портокалова фаза и плус 40


Македонија влегува во жолта предупредувачка фаза поради високите температури и високата вредност на ув индексот. Затоа бидете внимателни, избегнувајте излегување на сонце во периодот од 11 до 17 часот. Исто така е зголемена и можноста за појавување на шумски пожари.
Еве ги деталите за времето утре и во наредните денови.
portokalova fazaВо Македонија во денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северен и североисточен ветер, а во источните предели ќе дува северозападен ветер. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 30°C односно до 40°C. УВ индекс 9.
Во Скопје  тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна ќе достигне до 37°C. УВ индекс 9.
Во петок тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Во вечерните часови услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во западните предели, а во текот на ноќта и во останатите предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 30°C односно до 40°C. УВ индекс 9.
Во сабота промена на временската состојба.
Во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, а локално можна е и појава на невреме. Во попладневните и вечерните часови ќе дува силен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 15°C до 24°C, а максималните дневбни температури ќе се движат од 24°C до 35°C. УВ индекс 6.
Умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, ветровито и со дополнителен пад на температурите ќе биде во недела. Ке дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 31°C.
http://weather4all.com.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1