Момче од Бразил ги убило своите родители, бабата и тетката, а кога се вратило од училиште се самоубило.
Неговиот татко, 40-годишниот Луиз кој 19 години работел како полицаец бил пронајден мртов во кревет во нивниот дом во Сао Паоло. Мајка му, Андреиа, која 16 години работела во воена полиција била пронајдена на колена во тоалетот. Баба му и тетка му, 65 и 55 години, ги убил додека спиеле.
Според податоците на полицијата, Откако го извршил масакрот, заедно со уште еден негов другар отишле на училиште. Кога се вратил, си пукал во главата. Пиштолот на татко му бил во негова близина. Друг пиштол бил пронајден во неговиот ранец.
Безбедносните камери на улиците го снимиле како мирно си оди на училиште само неколку моменти откако си ги убил родителите.