Тиан Ју работела повеќе од 12 часа секој ден, шест дена во неделата, а често морала да ги прескокнува оброците и да работи прекувремено во Фокскон, најголемата фабрика која што ги произведува телефоните за компанијата Епл. Поради притисокот и не гледањето излез од својата тешка судбина таа сакајќи да се самоубие скокнала од прозорец од 4 кат.
Ова не бил прв случај на обиди за самоубиство во домот во фабриката во Шензен во Кина – 18 други работници сакале да си го одземат животот, а четворица од нив успеале во тоа. По овие суицидни случаи, компанијата поставила безбедносни мрежи под домовите за работници.
За нештата да бидат уште пострашни, моментот кој ја натерал Тиан да скокне од зградата бил фактот што поради административна грешка таа не ја добила платата од околу 180 евра, што отприлика е само една четвртина од цената на последниот модел Ајфон 5.
Денес, како последица од падот, Тиан е парализирана од половината надолу, а за да може да му помогне на своето семејство за егзистенцијата, таа продава производи преку интернет.