Променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи.
Според вонредната прогноза на УХМР, ќе има изолирана појава на поинтензивни процеси во вид на невреме со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град.
В недела и понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, но со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови пад на температурата за неколку степени.