Одземени 400 килограми боровинки од берачи без дозвола


Шумската полиција во Велешко почна да го применува Законот за собирање на шумски плодови. Деновиве, во близина на селото Владиловци, од диви берачи полицијата одзеде повеќе од 400 килограми боровинки набрани на планината над болницата Јасеново.

sumski plodovi sobiranjeНа Јакупица, Кадиица, Мукос и другите планини, каде што масовно се берат боровинките, извршена е контрола на повеќе од 100 берачи. Поголем број имале уредна документација, а на оние што ја немале им биле одземени набраните боровинки и им било забрането понатамошно берење. Имало и такви кои не знаеле дека треба да имаат дозвола за собирање на шумски плодови. Таков бил случајот со берачи од планинското село Горно Јаболчиште, кои повеќе денови се во планината, па по укажувањето на полицајците тие ветиле дека ќе платат 400 денари и дека ќе го извадат потребниот документ.

Во подрачната единица на Македонски шуми” во Велес, за берба на боровинки, досега се издадени над 60 дозволи. Се очекува во наредниве денови оваа бројка да се зголеми за повеќе од пет пати, бидејќи површините под ова шумско растение на планините Јакупица и Кадиица се доста големи. За откуп на боровинките досега дозволи добиле две компании кои свои пунктови ќе отворат во Богомила, Чашка, Лисиче, Долно Јаболчиште. Според она што ни рекоа некои од берачите родот и квалитетот на боровинките годинава во Велешко е повеќе од добар. Компаниите во наредниве денови очекуваат да откупат повеќе од 300 тони квалитетни боровинки.

Инаку, подрачната единица навреме ги информираше сите жители кои се заинтересирани за берба на шумски плодови. До општините Чашка, Градско, потоа до месните заедници и планинарските домови и други објекти достави документација и постави соопштенија и други информации. Бербата е во полн ек. Шумарите, шумската полиција па и полицајците имаат полни раце работа.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1