Видео: Еве што на Тито му подарувале кралеви и претседатели


tito1

Во Белград е отворена изложбата на подароци за Јосип Броз Тито, а она што е уште поспектакуларно се фактите дека дел од нив потекнуваат дури и од 7-от век пред новата ера.

Помеѓу подароците се и накитот од египетски крал, сервис за чај од Камбоџа, како и еден од омилените подароци на Тито, оној од кралицата Елизабета Втора.

 Во текот на својот живот Тито се сретнал со повеќе од 350 шефови на држави, а престојувал во 73 земји од каде што си заминал со подароци. Голем дел од скапоценостите навистина одземаат здив. Всушност, во големиот број на подароци се вбројува и самиот музеј во кој што предметите се изложени, а кој градот Белград му го подарил на Тито за неговиот 70-ти роденден.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1