Со доаѓањето на ексклузивните гости во Будва дошле и ексклузивните цени, па издвојувањето на сто евра за порција диња, лубеница и ананас, што се наоѓа на менито на локалот „Пјуробич“ во Порто Монтенегро, за милионерите е само ситна пара, јавува Мондо.
Во новоизградениот комплекс Порто Монтенегро има шест ресторани, а „Пјуробич“ е најексклузивниот од нив.
Таму заедно со уживањето во наргиле се нудат различни комбинации на овошја и напитоци кои чинат од 30 до 100 евра. Сто евра чини комбинацијата од лубеница, ананас и диња наречена „Буда бум“.
Од другите специјалитети на комплексот може да се издвојат и „бисерите“ на хотелот „Сплендид“ каде пире од компири со сос од клека чини 42 евра, а пчелините јајца „Бенедикт“ 16 евра.
Хотелот „Сплендид“ пак знае да изненади со цените на колачињата, каде едно чини шест евра.
Хотелот „Маестрал“ нуди шпагети за 20 евра и рижото за 12 евра.