Чистотата е половина болест?! – ако не ги оставите децата да се валкаат, ќе бидат болни


Антибактерискиот сапун не е најдобар пријател на Вашето дете и доколку му посакувате добро здравје, потрудете се од најраните детски денови да другарува со бактерии“, препорачуваат американските научници.

Неодамна објавената студија, посветена на влијанието на микроорганизмите во најраното детство на воспалителните процеси кои предизвикуваат болести во подоцнежните години и предизвикуваат брзо стареење, дава докази дека превисокото ниво на хигиена во детството е причина на многу здравствени проблеми во зрелоста, пишува Ringeraja.mk

Уште повеќе, изгледа дека изложеноста на заразни микроорганизми во детството, може да не спаси од смртоносни кардиоваскуларни болести во староста.

Hand-Washing-for-Children-And-Kids„Наспроти верувањето кое преовладува, нашето истражување покажува дека претерано чистото опкружување и високиот степен на хигиена во првите години од животот на детето придонесува за чести воспалителни процеси подоцна во животот и го зголемува ризикот од широк спектар на болести“, објаснува Томас МекДејд, лидер на истражувањето, додавајќи дека човекот денес, за прв пат во историјата, се сретнува со толку чисто опкружување.

„Истражувањето покажува дека на нашиот организам му е потребно далеку повисоко ниво на изложување на секојдневни бактерии и микроби, за да се развијат одбранбени механизми.“

„Неопходно ни е од најраните детски денови да се сретнеме со истите оние микробиолошки предизвици со кои луѓето се сретнувале во текот на еволуцијата за да функционираме оптимално кога ќе бидеме возрасни луѓе“, заклучува МекДејд.

Оваа студија е прво истражување кое се концентрирало на долгорочните ефекти на средината на нашето здравје, а се состоела во следење на испитаниците од нивниот развој во материцата па се до 22 – та година, мерејќи го влијанието на опкружувањето на создавање на C-реактивен протеин во подоцнежниот живот. Нивото на протеини во крвта расте кога има воспалителен процес во организмот, како реакција на имуниот систем на инфекцијата.

Научниците следеле 3327 филипински мајки од третиот триместар на бременоста (во тек на раните осумдесетти), запишувајќи ги нивните навики во поглед на грижа за новороденчето и доењето, условите и хигиената во домаќинството, контактот на децата со домашните животни и густината на населеноста. Истражувачите потоа го следеле растењето на децата се до нивната дваесетта година, бележејќи ги сите болести, како и растот и напредокот. Резултатите по 22 година на следење покажуваат дека во средините во кои децата се изложени на мал број бактерии и микроорганизми, како САД, нивото на овој протеин кај возрасните луѓе е 80% повисоко од, да речеме, жител на Филипините, кој како дете во просек бил изложен на многу повеќе бактерии, микроорганизми и воспалителни процеси.

„Во САД е раширена идејата дека бебињата и децата мора да ги заштитиме од микроби и бактерии по секоја цена“, кажува Мек Дејд, „но на тој начин изгледа спречуваме да го развијат имунолошкиот систем, бидејќи нему му е потребна стимулација на средината за успешно да функционира низ детството и зрелоста. Без таа стимулација организмот подоцна многу тешко се снаоѓа со воспалителните процеси и произведува претерано жестоки реакции кои е многу тешко да бидат спречени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1