Перо Антиќ на својот „Инстаграм“-профил објави дека искусниот центар се враќа во репрезентаицијата, објави Македонски спорт
Тодор Гечевски ќе игра за македонската кошаркарска репрезентација на претстојното Европско првенство во Словенија. Капитенот Перо Антиќ вчера започна кампања на социјалните медиуми за да го убеди искусниот центар да направи кам-бек во репрезентацијата.
Очигледно обидот на Антиќ успеа бидејќи, кошаркарот денеска на својот „Инстаграм“-профил објави слика со Гечевски на која напиша, „договорот е потпишан“. Ова се одлични вести за сите навивачите, но и за селекторот Пипан, кој неколку пати веќе се обиде да го врати Гечевски во репрезентацијата.
Македонски спорт