Патувачкиот медицински техничар од САД, Давид Квијатовски, обвинет дека со заразени игли инфицирал десетици пациенти со хепатитис Ц, на истражителите им рекол дека повеќе од десет години крадел лекови и дека убил многу луѓе.
Тој е во затвор од апсењето во јули 2012 година, а обвинет е дека од болницата „Ексетер“ во конкорд во Њу Хемпшир, украл шприцови со лек против болки, кој го заменил со солен раствор со својата крв, заразаена од хепатитис Ц:
Ја признал вината по 14 точки од обвинението, во замена за поблага казна. Да беше осуден по регуларен судски процес, би му следувала казна од 98 години, но според спогодбата тој ќе одлежи во затвор од 30 до 40 години.
Кај 32 пациенти во Њу Хемпшир е дијагностициран хепатитис Ц, кој им го пренел Квијатовски, кој работел во 18 болници во седум сојузни држави на САД, пред да се вработи во болницата во Конкорд во 2011 година.
Во Мериленд се откриени седум случаи, во канзас шест, еден во Пенсилванија Еден од пациентите во Канзас починал.