Гладни волци напаѓаат во Крива Паланка – жителите во паника – ќе ни ги изедат децата


Иако зимата важи за период во кој волците почесто се појавуваат во населените места во потрага по храна, во изминатиот период, жителите на селото Дубровница близу Крива Паланка живеат во страв и паника од нападот на крволочните животни, пишува Точка.

volci-kriv-palank-03Така, речиси и да нема куќа во селото во која што во текот само на овој месец, во неколку наврати, волците не се обиделе да нападнат некое од домашните животни, пред се кучињата кои што ги чуваат куќите на мештаните.

Она што е особено загрижувачко е фактот што волците биле забележани и среде бел ден, како слободно шетаат барајќи храна.

Доказ за тоа дека сосема оправдани се паниката и стравот кои владеат во селото е и фактот што голем број на луѓе тука престојуваат за време на својот годишен одмор, со своите мали деца, па се стравува дека само прашање на време е кога волците би можеле да посегнат по животот на некое од дечињата.
volk“Како да не се плашиме кога волците можат да посегнат и по нашите деца?! Среде бел ден гладни шетаат по селото, а пред наши очи растргнаа и домашно куче!”, вели еден од загрижените жители на Дубровница.

За оваа појава во селото била информирана и полицијата на Крива Паланка и ловочуварската служба, а веќе била организирана и потера по волците, но истата завршила безуспешно. Станува збор за ситуација во која што надлежните мора да преземат безбедноснимерки веднаш, пред се затоа што и животните и луѓето се во опасност.

Последната жртва на гладните волци настрадала синоќа, кога пред очите на сопствениците во дворот од куќата, волци удавиле и растргнале куче, па потоа го однеле со себе во планината.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1