Лимонка Постолова: Стравувам дека сопругот ќе ме убие!


Повеќе од десет годинии Лимонка Постолова е жртва на семејно насилство. Речиси секојдневно трпи физичка и психичка тортура од својот насилен но најчесто и пијан сопруг, пренесува Канал 5.

 limonka– Порачувам институциите да реагираат бидејќи постојано го малтретира целото семејство. Поради него син ми не смее да оди на работа. Во сабота штом синот отиде на работа веднаш ме претепува- изјави Лимонка Постолова жртва на семејно насилство од село Трновац, кратовско.

Лимонка своите четири деца ги израснала повеќе на нива скриени под некое дрво отколку во трошната куќа во која живеат благодарение на некој роднина. Нивниот дом изгорел во пожар кој како што тврди таа, свесно го предизвикал сопругот. Но освен што е малтретирана од него, пред три години била претепана и од сосед бидејќи добитокот го напасувала на негов имот. Добила оштета но во декември лани и била укината социјалната помош од 1800 денари.

– Ме тепаше еден сосед и му пресудија да ми плати оштета. Парите не ми ги дадоа наеднаш туку му одбиваат од платата по 2400 денари месечно. Сега, за тие пари што ги земам од оштета ми ја укинаа социјалната помош – изјави  Постолова.

Бара помош од надлежните институции плашејќи се дека ќе биде убиена од сопругот кој веќе еднаш одлежал затворска казна за убиство.

Од кратовската полиција велат дека преземале се што е во нивна надлежност а насилниот не можат да го притворат без судска наредба. Тој ќе одговара за телесна повреда при семејно насилство.

Од Центарот за социјални работи информираат дека работат согласно Законот. Сега за сега можат да и помогнат само со доделување еднократна парична помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1