ВИДЕО: Кинески Супермен: Фати девојка која скокнала од зграда


kineski-supermen-260x173

Неименуван дваесетгодишен маж од Харбин во Кина, го спаси животот на неговата девојка која се обидела да изврши самоубиство со скок од балкон, а видеото од неговиот подвиг се појави на „Јутјуб“ и набрзо се прошири на светските медиуми.

После кавгата со партнерот, девојката излегла на балкон и се заканила дека ќе скокне, а момчето брзо реагирало, отишло до соседите на долниот кат и ги замолил да го пуштат на балконот за да се обиде да ја убеди да се врати внатре.

Соседите и минувачите кои тамо се нашле исто така  се обидувале да разговараат со неа, но не им успеало да ја вразумат девојката.

Во еден момент девојката изгубила рамнотежа и падна, а нејзиното момче успеа да ја фати и да ја задржи се до доаѓањето на пожарникарите и соседот, кои му помогнале да ја внесе внатре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1