Момче (14) ја затворило својата наставничка во училница и сексуално ја нападнало додека нејзините очајни колеги се обидувале да ја скршат вратата.
Персоналот на едно британско училиште можел само во шок да слуша како нивниот ученик, кој сега има 15 години, среде училница ја силува наставничката. Тој ја забарикадирал собата со компјутери и внатре почнал да ја напаѓа наставничката.Вработените слушнале висоци на несреќната жена и смеење на младиот престапник, кој прво и ја ставил раката под суќна, а потоа ја силувал.
Кога колегите успеале да ја скршат вратата, ја затекнале преплашената и потресена жена. Раскажала дека момчето и рекло како има некои „мисли на ум“, ја прегрнало, а кога се оттргнала сфатила дека вратата е заклучена. Наставничката рекла дека по овој напад не може повеќе да се врати на работа.
Момчето кое ја нападнало веќе е обвинето за два сексуални напади, а поради овој го чекаат четири години зад решетки.