Шведскиот ланец за производство и продажба на мебел „Икеа„ повлече од продажба неколку илјади детски креветчиња поради грешка в дизајнот која може да доведе до пукање на металните цевки и откривање на острите краеви
Одлуката следи по седум документирани случаи на пукање на цевки, но до сега не е забележано дали имало повреда на некое дете.
Во повлекувањето се опфатени серија модели на креветчиња „критер„ и „сниглар„.
Од купувачите во 17 земји побарано е да ги проверат датумите на производство ставени на долната страна на креветите. Спорните кревети „критер„ носат броеви од 1114 до 1322, а „синглар„ од 1114 до 1328.
На купувачите кои поседуваат некој од овие модели понудена им е поправка или враќање на парите. Тие треба да се јават во најблиската продавница на „Икеа„.