ВИДЕО: Во бразилските прашуми најдено племе кое досега немало контакт со цивилизација и луѓе


pleme

Во амазонската прашума снимени се припадници на изолирано племе кое никогаш немало контакти со остатокот од светот.

Членовите на ФУНАИ со камера во прашумите успеале да забележат припадници од ова „изгубено племе“ со лакови и стрели.

Експертите утврдиле дека се работи за девет припадници на номадската заедница Кавахир, која живее на подрачјето на прашумата која бразилските власти ја резервирале за домородците, и се наоѓа на 200 километри оддалечена од најблиската населба.

Со закон е забрането влегување во нивното подрачје, со исклучок на посматрачите на бразилската национална фондација за Индијанци (ФУНАИ), кои водат сметка никој да не ги вознемирува припадниците на племето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1