12 год дете пливало во езерце – се заразило во амеба која го јаде мозокот


Zachary-1За 12-годишниот Захари Рејн од Флорида, било кобно капењето во каналот со вода и малото езерце кое се создало од него, а кое се наоѓа во близина на неговиот дом. Докторите му дијагностицирале амебиски менингоенцефалитис – редок облик на менингитис кој го предизвикува амеба.

Детето е во критична состојба и се наоѓа во детската болница во Мајами. Додека паразитот му го разорува мозокот, докторите се беспомошни.

Дека нешто не е во ред со него, родителите се посомневале откако Захари спиел цел ден и цела ноќ.

Zachary-2Прво, помислиле дека се работи за некој вирус, но бидејќи не му било подобро, го одвеле во болница.

Детето се заразило со смртоносната амеба која се храни со мозокот Naegleria fowleri. живее во мирни и топли води, размножена е посебно во лето ја има и во недоволно одржувани базени каде водата не е хлорирана. Докторите веруваат дека во мозокот влегла со водата и тоа преку нос.

„Би сакал да можам да го допрам и тоа да помине кај мене. Сепак, работите не одат така”, изјави за локалните медиуми неговиот татко Брендон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1