Овие болести ги предизвикуваат мобилните телефони


Номофобија

Зависноста од мобилниот телефон стана толку распространета што некои доктори го користат изразот Номофобија. Загрижувачки се резултатите на една анкета во која дури 84% од испитаниците рекле дека не може да си замислат ниту еден ден без својот мобилен телефон. Некои истражувања велат дека 2/3 од тинејџерите и младите лица го проверуваат својот телефон на секои 10 минути или пократко. Во Morningside Recovery Center во Калифорнија неодамна се основа и група за надвладување на номофобијата.

do-cell-phones-cause-brain-cancerРешение: „ Најдобро е да не го проверувате својот телефон некое време“, вели др Larry Rosen, професор по психологија на California State University и автор на книгата  iDisorder.  „ Со текот на времето, личноста мора на научи дека акнсиозноста поради непроверување на телефонот не е реална, ниту штетна и ништо страшно нема да се случи ако не го проверите својот телефон толку често колку што имате навика тоа да го правите“, вели тој.

Бактерии на телефонот

Вознемирувачки број на бактерии кои се наоѓаат на вашиот телефон, не се така безопасни. Една студија спроведена на универзитетот во Аризона открива дека на просечниот телефон има и до 10 пати поголема количина на бактерии отколку оние кои може да се најдат во тоалетот. Всушност, мобилните почесто се во допир со нечисти површини или често ги допирате без да ги измиете рацете. За работата да биде полоша, телефонот е постојано во близина на вашето лице.

Решение: По често чистете го телефонот со влажни марамчиња. И секако мијте ги рацете и внимавајте каде го оставате телефонот.

Лош сон

Би требало да знаете дека каква било направа со светло во неа може да го оттежни заспивањето. Изложеноста на светлина пред заспивање може да го намали лачењето на мелатонин- хормот кој го регулира циклусот на спиење. Губењето на сонот може да доведе со разни здраствени проблеми, вклучувајќи и депресија, па и некои сериозни болести.

Решени: Пред спиење подобро читајте книга или опуштете се без електрични направи.

smart-phoneПослаби меѓучовечки односи

Парадоксално е тоа што телефонот е средство за комуникација, а меѓу човечките односи се послаби. Но постојаното проверување на меилот додека поминувате време со пријателите, дава слаб квалитет на вашите врски. Во неодамнешно истражување покажува дека луѓето имаат недостаток на емпатија ако имаат телефон во својот видик. А едно друго истражување покажува дека луѓето по кратко користење на мобилни се поммалку склони на волонтирање и помагање на други.

Решение: Потсетете се дека не треба постојано да го проверувате телефонот додека сте со своите пријатели или семејството. Додека сте со нив, мобилниот нека биде надвор од вашиот видик.

Skopje info 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1