Ако сакате да направите многу пари во музичката индустрија треба да научите како да пишувате песна. Поточно, не е доволно да напишете било каква песна, треба да знаете како се пишува хит.
Следниве автори добро го знаеле тоа. Ви претставуваме дел од најпопуларните песни и нивните автори коишто оствариле најголема заработувачка на сите времиња. Комплетната листа на најпрофитабилни песни и колку точно заработиле погледнете ја на следниот ЛИНК
Hill Sisters – “Happy Birthday” (1893). Проценета заработувачка: $50 милиони.
Најпопуларната и најпрофитабилна песна на сите времиња настанала во 1983та кога сестрите Hill добиле идеја да напишат песна со која ќе им го честитаат роденденот на дечињата во градинката.
Авторските права за оваа песна се менувале во изминативе сто години. Музичката компанија Warner Chappell ги купи за $15 милиони во 1990 година. Денеска песната заработува $2 милиони годишно, или $5000 илјади дневно.
Чини $25,000 илјади за да се искористи оваа песна во филм или тв шоу. Можеби не сте знаеле, но технички е нелегално оваа песна да се изведува во поголема група на луѓе, на пример канцелариски забави, без да им платите на Warner Chappell. Нивните права за песната истекуваат во 2030 во САД и во 2016 во Европската Унија кога веќе слободно ќе може да ја користиме за да му го честитаме некому најубавиот ден во годината, без да мора да плаќаме чек за тоа.
Roy Orbison & Bill Dees – “Oh Pretty Woman” (1964).
Проценета заработувачка: $19.75 милиони.
Песната беше голем хит уште во 1964-та, но го достигна врвот на својата популарност 25 години подоцна кога Jullia Roberts и Richard Gere ги одиграа своите улоги во еден од најдобрите филмови што го знаеме којшто го носи истиот наслов како и познатата песна “Pretty Woman”.
Песната е посветена на сопругата на Рој Орбисон, инспирирана од нивната конверзација во која Роб ја прашува пред излегување дали и се потребни малку пари, на што таа му одговара “ Убавата жена никогаш нема потреба од пари ”.
Точно пред својата смрт Bill Dees кажал дека сеуште заработува $100-$200 илјади долари годишно приход од авторските права за песната, скоро педесет години подоцна.
8. Sting – “Every Breath you Take” (1983). Проценета заработувачка: $20.5 милиони.
Класичната балада на Стинг за големата опсесија со изгубената љубов, беше еден од најголемите хитови кој помина осум недели на првото место на Billboard Hot 100. Подоцна на истата листа се рангира на 25то место меѓу најдобрите 100 песни на сите времиња.Песната се уште му носи околу две илјади долари дневно приход на Стинг од авторски права.
Во 1997 година песната се здобива повторно со голема популарност кога Puff Diddy ја објави познатата и преубава “I’ll Be Missing You”, посветена на починатиот рапер и негов пријател Notorious BIG. Песната победи на Греми наградите и стана еден од најдобро продаваните синглови со повеќе од седум милиони копии низ светот. Единствениот дел од песната којшто го искористи Puff Diddy е делот што го отсвирил со гитара Andy Summer, но тој заборавил да побара дозвола од Стинг којшто е едниствениот сопственик на авторските права. Подоцна тоа му овозможува на Стинг да бара дури 100% од заработката добиена по пат на авторски права со објавувањето на ремиксот иако стандардот би бил околу 25-50%.
Alex North & Hy Zaret – “Unchained Melody” (1955). Проценета заработувачка: $27.5 милиони.
Оригинално напишана за помалку познатиот филм во којшто се раскажува приказна за затвор, “Unchained” , оваа песна стана една од најизведуваните песни во музичката индустрија со повеќе од 650 различни артисти. Најпозната е верзијата којашто е отпеана од “The Righteous Brothers”. Исто така песната стекна голема популарност како дел од филмот “Ghost”.
John Lennon and Paul McCartney – “Yesterday” (1965). Проценета заработувачка: $30 милиони.
Од самото создавање на Beatles, Paul McCartney и John Lennon се согласиле да ги делат подеднакво приходите од сите нивни песни, без разлика колку малку или многу придонесол едниот од нив.
Тоа значи дека и покрај тоа што Paul McCartney целосно сам ја напишал и отпеал песната, нејзините приходи ги делат подеднакво и двајцата. “Yesterday” е втора најемитувана песна во историјата и изведена е од 2200 различни музичари.
После смртта на John, Yoko Ono, како негов единствен наследник заработи милиони од авторските права од песната и покрај честите апели од Paul да го отстапи нејзиниот дел. Во 2000, McCartney барал дозвола од неа за да се смени редоследот на авторските имиња во песната во “ McCartney-Lennon”, но таа повторно го одбила.