Четиригодишниот Пол Френклин од Калифорнија, доживеал вистински хорор, по семејниот одмор на море.
Момчето кое било со родителите на плажа, паднало, и го повредило коленото.
Иако на коленото останала само мала рана, отокот не се намалувал три недели.
Лекарите не можеле да сфатат во што е проблемот, се додека еден ден мајката не забележала дека раната станува црна.
Кога подобро погледнала, од раната на момчето мајката извадила морски полжав, кој живеел во телото на детето.