Видео: Парализирана девојка си го оствари сонот – сама изоде до олтарот


Стиви Бил од Охајо, во 2006-тата година доживеала страшна сообраќајна несреќа, од што останала парализирана од половината надоле.

devojka1До несреќата дошло кога еден од нејзините пријатели што се возел во автомобилот, фрлил шише со вода на ветробранското стакло на автомобилот кој се движел позади нив.

Таа негова постапка многу го разлутила другиот возач, па почнал да ги брка.

Во еден момент, пријателот на Стиви загубил контрола врз возилото и се удриле во едно дрво. Тој починал на самото место, а Стиви била сериозно повредена.

Тогаш имала 17 години, а се заколнала дека ако некогаш се мажи, патот до олтарот самата ќе го изоди.

Седум години после несреќата, младата девојка го изодела патот до олтарот со помош на патерици.

„Скоро заплакав кога ја гледав како ја остварува својата цел“, рекол нејзиниот сопруг, Џеред Ван Осдел (32).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1