Дописничката на Канал 5 од Струмица, Сузана Мицева денеска била пријатно изненадена кога сфатила дека некој пред неа и ја платил ратата за кредитната картичка. За кратко време Сузана дознала дека се случил превид, па наместо на друга личност со име Сузана Мицева, парите биле префрени на нејзина сметка, пренесува Република.
Возбудата за ненадејната среќа кај Сузана и ја намалиле од банкарските службеници кои побарале од неа сега да и возврати на „љубезноста” на другата Сузана Мицева па и таа да и плати една рата.
„Така си живееме ние што си се викаме Сузана Мицева… на ти, дај ми“, пиша Мицова на нејзиниот фејсбук профил.