Малолетна чистачка се застрела во куќата што ја чистила


Шеснаесетгодишно девојче од скопското село Брест се самозастрелалo со пиштол во куќа во која повремено работелo како хигиеничарка, информира Министерството за в натрешни работи.

policija srednaМалолетничката Д.А. се самозастрелала синоќа околу 21,30 часот во куќа на 36-годишната Р.Ш. Најпрво Д.А. во куќата дошла неповикана, кога Р.Ш. била сама дома и по краток разговор, малолетничката почнала да го чисти домот, по што се слушнал истрел од спалната соба.

Кога Р.Ш. се качила на катот ја затекнала Д.А. легната на креветот во спалната соба, во свесна состојба, жалејќи се на болки во стомакот, по што била пренесена во болница, каде и била констатирана тешка телесна повреда устрелна рана во пределот на стомакот.

При извршениот увид на местото на настанот пронајден е пиштол , со два неиспукани куршума во рамката, како и една чаура од испукан куршум, кои се земени за вештачење.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1