Го поткопуваат Аквадуктот крај Скопје за да најдат злато


Аквадуктот кај скопско Визбегово е мета на диви трагачи на злато „Ловци на богатство го уриваат за да најдат злато во него. Уште не нашле, ама им кажале дека има. Археолошкиот локалитет стар со векови нема кој да го одбрани. Војската, чиј имот е разграничен со една жичена ограда, стои на страна, а полицијата едвај доаѓа и во вечерните часови кога далеку од светлата на градот се собираат зависници од дрога“, пишува „Утрински весник“.

Прекрасниот споменик од Римската империја, преку кој била спроведувана вода во градот Скупи, денеска личи на запуштен објект од времето на комунизмот.

akvadukt1„Било се’, сме виделе се’, ама вакво нешто никогаш немало. Речиси секој ден доаѓаат тука луѓе и копаат по Аквадуктот. Среде бел ден, не се плашат од ништо. Еднаш ги прашавме што прават и зошто копаат по градбата – ни рекоа оти таму било закопано злато. Какво злато бе, деца? Немаа повеќе од 18 години, а некој им ја наполнил главата со глупости. И што ќе им правиш“, се жалат граѓаните од блиските куќи.

Околу Аквадуктот има ограда. Веднаш до високата трева. Жичена е, илустрира дека зад неа е имот на војската. Се наѕира хангар со армиски возила, ама од војници нема абер. Тишина.

Скопскиот Аквадукт претставува археолошки локалитет кој се наоѓа кај Визбегово, во непосредна близина на градот Скопје. Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на Римската империја или Византија, во времето на Јустинијан Први, од 527 до 554 година, па поради тоа овој Аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Според овие мислења, тој бил поврзан со градот Скупи. Се смета дека преку Аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до „топџиската касарна“, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата преку Аквадуктот се пренесувала со цевки, кои оделе од запад кон исток.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1