Во кечапот “Heinz” во Бразил откриено крзно од глодари


Властите во Бразил наложиле повлекување од продажба на една испорака на познатиот кечап „Heinz“ со мексиканско производство, откако во него било пронајдено крзно од глодари.

heinz kecapВладата наредила да се забрани продажбата, дистрибуцијата и рекламирањето на овој производ, а мексиканските власти започнале истрага и наредиле да се спроведе инспекција во фабриката каде бил произведен кечапот.

Од компанијата „Heinz“ наведуваат дека кечапот бил увезен во Бразил минатата година, но дека веќе претходно бил повлечен од продажба, како и дека сите производи се направени во склад со меѓународните стандарди.

Претставници на мексиканската санитарна агенција „Kofepris” велат дека ќе извршат посета на фабриката за да проверат дали се почитуваат одредени стандарди.

Од Kofepris” истакнуваат дека од „„Heinz“ бил побаран детален извештај за загадената пратка на кечапот. Ниту компанијата, ниту бразилските функционери не изнесоа детали за обемот на загадување и за бројот на загадени производи.

Tocka.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1