Состојки
- 500 г готови кори (15 вкупно на број)
- 1 китка блитва
- 500 г урда
- малку сол, бибер, оригано, лук во прав
- малку масло за готвење
Подготовка
- Блитвата се мие, се сечка на ситни парчиња и се пропржува.
- Се додаваат урдата, зачините и смесата се трга од оган.
- Се земаат по три кори,секоја се пропрскува со масло, се филува со филот и се витка како ролат.
- Се прават вкупно пет ролати, се редат на масна хартија во плех и се сечат на помали ролатчиња.
- Се печат во загреана рерна на 220 степени додека не заруменат.
migusto.mk