Градоначалникот на Струга Зијадин Села пред свеченото отворање на Струшките вечери на поезијата, најави дека Општината ќе го бојкотира Фестивалот, поради неупотребата на албанскиот јазик на отворањето.
Струшкиот градоначалник бара говорите да се читаат на македонски и на албански јазик и најави дека ако догодина Фестивалот не го почитува Законот за употреба на јазиците, тогаш фестивалот нема да се одржи во Струга, пишува Вест.
“Побарав водењето на манифестацијата освен на македонски и англиски јазик да оди и на албански јазик. Образложението од директорот беше дека преносот оди на првиот канал на МРТВ.Ова е не почитување на законот за употреба на јазиците каде во Струга живее 60% муслиманско население”, рече Села.
Пред две години, тогашниот градоначалник Рамиз Мерко се обрати само на албански јазик.
Директорот на СВП, Мите Стефоски на вчерашниот прес на новинарско прашање за реакцијата на Села, одговори дека пресот е организиран во чест на лауреатот, Хосе Емилио Пачеко и нема да одговора на политички прашања.