Дали некои политичари намерно ги влошуваат меѓуетничките односи?


Граѓаните, јавноста и експертите во Македонија ги критикуваат политичарите и партиите од сите етнички табори дека „манипулираат со меѓуетничките односи“, заради реализирање на своите агенди. Меѓуетничките односи во Македонија доживуваат осцилации за кои јавноста и експертите најчесто вината ја лоцираат кај партиите и политичарите од македонскиот и албанскиот политички блок, пишува Дојче Веле.

0,,16220601_303,00Али Пајазити, експерт за социологија на мултикултурализмот од Тетово, истакнува: „Политичарите играат на националниот фанатизам, или екстремниот национализам, како карта за придобивање на својот табор. Тие работат спротивно на духот на Рамковниот договор, којшто налага градење мостови за соработка на различните етникуми.“

„Се‘ уште сите етнички заедници се полни со предрасуди и стереотипи за другата етничка заедница. Политичарите придонесуваат ваквите предрасуди и стереотипи да се зацврстуваат во колективното ткиво на етничките групи и да создаваат слика на меѓуетничка нетрпеливост. Националната и националистичка реторика е пракса на политичарите.“

Како дел од политичарите ги коментираат негативните перцепции?

Зоран Заев, претседател на СДСМ, вели: „Наместо да ја вршат улогата на сплотувач, на добронамерник во мултиетничкиот соживот, многу често политичките партии и политичарите со своите одлуки предизвикуваат лоши последици врз тој соживот. Преокупирани од одлуките од лична, или партиска полза, партиите и политичарите ја забораваат важноста на одлуките, кои се однесуваат на граѓаните, на државата. СДСМ не е квазипатриотска, или националистичка партија, туку гради соживот.“

Силвана Бонева, како политичар од ВМРО ДПМНЕ во лично својство, нагласува: „Политичарите со пораките, кои ги испраќаат до јавноста, влијаат многу врз меѓуетничките односи. Некои од партиите сакаат со играњето со меѓуетничките односи да предизвикаат одредени состојби за да дојдат на власт, или да го кренат својот рејтинг, не гледајќи дека со тоа си играат со судбината со Македонија. Откако е на власт ВМРО ДПМНЕ постојано гради добри меѓуетнички односи, доверба и толеранција.“

Муса Џафери, вицепремиер за Рамковниот договор од ДУИ, истакнува: „Заради интереси, одделни политичари од македонскиот и албанскиот етникум, при избори и кампањи, намерно ги злоупотребуваат меѓуетничките односи, предизвикувајќи јазична, верска и културна нетрпеливост. Тоа е сопирачка за градење на меѓуетничките однос и ја отежнува примената на Рамковниот договор. Политичарите треба да бидат мостови, кои ќе ги помируваат граѓаните без оглед на етничката припадност.“

Целата анализа прочитајте ја на – www.dw.de

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1