Со секс истерувал ѓаволи


Кинез злоупотребувал жени, ветувајќи им дека од нив ќе го истера Сатаната.

sekretarka-skriena-kameraКинезот Хуанг Џианџун тврдел дека неговиот полов орган може да истерува ѓаволи од жените, па ги терал да му платат за секс, за тој со неговиот пенис да го избрка ѓаволот од нив.

Еве како бил откриен овој необичен истерувач на ѓаволи.

Една од многуте наивни клиентки го посетила Хуанг во неговата хотелска соба. Тој ѝ наредил да се соблече, за да може да ја прегледа.Заклучил дека проблемот е во нејзината вагина – што им го велел на сите клиентки.

„Ми рече дека мојата вагина е полна со проблеми, кои предизвикуваат духови“, рекла „пациентката“.

Тогаш тој ѝ објаснил дека тие проблеми може да ги реши со неговиот пенис и дека мора да спие со него. Наскоро после „истерувањето“ таа го пријавила во полиција.

Самопрогласениот истерувач на ѓаволи моментално е во притвор и го чека почетокот на судењето.

Sky

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1