Индустријата за порно филмови побарала одложување на почетокот на снимањето на еден филм, откако е откриено дека една од глумиците е ХИВ позитивна.
Со оглед на тоа дека станува збор за Камерон Беј која е во оваа дејност од 2010 година, продуцентите одлучиле да ги стопираат сите филмови за возрасни во кои глумеле партнерите кои соработувале со неа.
До сега никој не добил позитивни резултати од нејзините партнери, па овој случај ќе допринесе за забрзување на донесувањето на закон за користење на презервативи во снимањето на филмовите за возрасни.
Минатата година, порно ѕвездата под името Г-дин Макрус призна дека ги изменил своите наоди во кој бил позитивен на сифилис за да може да снима филмови, со што заразил две свои колешки со оваа болест и поради тоа е осуден на 30 дена затворска казна.
Мајкл Веинстин, претседател на AIDS фондацијата изјави дека ова е последната капка која ја прели чашата и дека судските органи мора да донесат закон за носење на кондом за време на снимање на филмовите.