Мијте рацете по употреба на туѓа тастатура – коњуктивит се пренесува преку тастатурата


Научниците кои ја истражуваа епидемијата на конјунктивитис меѓу студентите во Дермаут колеџот во Њу Хемпшир тврдат дека бактериите можеле да се прошират преку тастатурите на училишните компјутери пренесува Вест.

kompjДоктор Синтија Витни од Центарот за превенција и контрола на болестите во Атланта и нејзините колеги велат дека испитувањата на околу 60 јавни тастатури спроведени во времето кога избила инфекцијата покажува оти нема знаци на бактеријата која го предизвикува конјунктивитисот.

Меѓутоа, во лабораторискиот експеримент во кој се користени чувствителни техники на откривање на бактерии, научниците ја ставиле бактеријата на тастатурата и подоцна успеале да пронајдат примероци од бактеријата на истата тастатура, иако досега се сметаше оти бактеријата што го предизвикува конјунктивитисот не може да преживее на такви површини.
– Не знаеме дали експериментот навистина го покажа она што се случува кога неколку луѓе ја делат тастатурата, па овој резултат можеби не е конечен одговор – вели д-р Витни.

– Исто така, не го знаеме ни тоа дали веднаш би ја пронашле бактеријата на училишните тастатури ако користевме чувствителна техника.
Во меѓувреме, бидејќи со сигурност не е утврдено дали тастатурите се одговорни за ширењето на бактеријата, добрата хигиена и редовното миење на рацете секако не можат да наштетат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1