Мистериозна светлина на небото ги збуни скопјани


Светла точка што пулсира и менува движење вчера меѓу 20 и 21 часот стави на ум повеќе скопјани околу сопственото убедување за живот надвор од Земјата. Неколку читатели се јавија во „Утрински весник“ со слични сведоштва, сите потврдувајќи дека забележале мистериозна светлина некаде над Скопска Црна Гора. Светлината изгледала како да гори, брзо и нерамномерно го менувала движењето, но и интензитетот, а потоа уште позабрзано ја снемало од видикот. Глетката траела неколку минути.

F73A4EDCC1F78647AAB0F92FA902E745„Не ми е логично да е хеликоптер, авион или некоја комета. Постојано кружеше, се префрлуваше од лево кон десно, горе-доле. Немаше одредена траекторија. Неколку пати го зголеми обемот, а го намалуваше и зголемуваше и интензитетот на светлото. Досега не сум видел такво нешто. Се’ уште не верувам дека е некакво НЛО, па затоа и барам објаснување“, вели постар граѓанин од Карпош што сакаше да остане анонимен. Помлада скопјанка само го потврдува сведоштвото од господинот. Според неа, светлата точка по многу нешта се разликувала од околните ѕвезди.

„Како е можно да се појавува таква светлина? Појавата ме збуни, ми делуваше како некој феномен. Сигурно не беше трепкање од стандардно летало“, смета младата читателка.

Астрономите упатуваат на логично објаснување. Не се приклучуваат кон мистериозниот момент меѓу граѓаните. Велат се работи за еден од многуте вештачки сателити кои се движат по сопствени кружни орбити. Понекогаш можат да се забележат и по стотина сателити во една ноќ. Ништо чудно, натприродно или вонземско.

„Набљудувачот мора да биде во статична позиција за го забележи сјаењето на сателитот. Некои се големи и колку фудбалски терени. Кога ќе влезат во светлината на сонцето сјаат и затоа имаме претстава дека им се менува големината, дека светат и пулсираат, прават цик-цак движења… Дисторзијата во атмосферата може да предизвика различна интерпретација за небесните тела. Некои се помалку, а некои повеќе сјајни. Голема улога имаат и временските прилики, а што повисоко толку почисто небо“, вели Радан Митровиќ од Скопското астрономско друштво.

Тој смета дека снимките со ваквите појави најчесто се прават од рака, а не од посебен статив за набљудување на кој треба да се постави камерата за да има прецизен и реален приказ на небото, ѕвездите, сателитите.

Утрински весник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1