Среброто има исцелителна моќ


Со напредокот на јавната свест за корисноста на среброто можно е да се купат различни течности и препарати со колоидно сребро и спрејови за нега на кожата.

Среброто не е без причина наведено во благородни метали, затоа што освен што служи како убава декорација на нашите алишта, има многу лековити својства за кои често не сме ни свесни.

srebroСепак, и тука постојат две струи на мислења, бидејќи поборниците на алтернативните методи се колнат во исцелителната моќ на среброто и тврдат дека се единствената пречка за широката употреба на фармацевтските компании, додека оние кои го негуваат научниот пристап и понатаму на лекувањето со сребро гледаат со скептицизам, останувајќи во доменот на теоријата.

На пример, древните Египќани раните ги обработувале само со сребрен скалпел, а интересен пример може да се најде и во освојувањата на Александар Велики, чии војници често се разболувале поради пиењето од бакарнни чаши, додека генералите на војската останувале здрави, бидејќи тие пиеле од сребрени.

Поради овие причини, за чување на водата за пиење, секогаш се користеле со сребрени садови, додека во времето пред замрзнувачите во шишето млеко се уфрлала сребрена монета за да се спречи расипување на млекото.

Во поново време, 1880 г. развиена е постапката за добивање на колоидно сребро, со исклучително фини честички во форма на позитивни јони кои се покажаа ефектни во третманот на воспаленија и рани, многу подобро решение од сребро нитратот или среброто во прав.

Антибактериското делување на среброто и понатаму се испитува, а со унапредување на јавната свест за корисноста на среброто можно е да се купат различни течности и препарати со колоидно сребро, како и спрејови за нега на кожата.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1