Многу млади луѓе секојдневно во својата околина сведочат за различни видови насилство, без разлика дали се работи за психичко или физичко. Насилството има многу лица, но едно е сигурно – на него треба секогаш да реагираме.
Превентивата е многу важна, така што секој родител треба на време да го учи своето дете како да прави разлика меѓу тоа што е во ред , а што не е, како да се однесува во одредени ситуации и секако секогаш да ви каже доколку се посомнева дека е жртва на нечие насилство.
Што се е насилство?
Насилството, кое детето го преживува, не е само тоа што вие како возрасна личност го сметате за насилство. Најчест облик на насилство, кое детето го преживува е задевањето. Но насилство претставува и:
– Барање услуга, која тоа не сака да ја пружи (на пример препишување на час, шепотење…)
– Барање на пари или некои негови лични работи (патики, ужинка…)
– Уништување на неговите лични работи (тетратки за на училиште, ранец, облека)
– Физичко малтретирање (удирање или само закани со ќотек)
– Уцени, навреди или понижување затоа што од некоја причина е поинакво
Предрасуди
Размислете за одредени ставови, кои доколку се составен дел на вашето или на размислувањето на вашето дете, треба итно да ги смените. Имено верувањето дека овие ставови се вистина, а не предрасуди, ја поздразбираат вашата (или на вашето дете) премолчана толеранција на прифаќање на различни облици на насилство.
– „Некои луѓе заслужуваат некој да ги малтретра или трпењето на насилство е дел од сечие растење“ – Вистина е дека секој доживеал некоја неправда, кавга или судир со другите, како што и секој имал можност да изреагира или да премолчи нешто што го повредило.
– „Со текот на времето ќе помине само од себе“ – Насилството навистина може да престане кога на насилната личност ќе и се здосади да ги малтретира секогаш истите жртви, но до тој момент можат да поминат години.
– „Важно е да не се гледа“ – Физичкото насилство (ќотекот, ударите, шлаканиците) оставаат модринки и повреди, кои сепак поминуваат. Но лузните, кои ги оставаат внатре во душата се многу поболни и пострашни од оние видливите, физичките.
– „Оние кои се жалат на насилството се тужибаби“ – Секој има право на живот без насилство. Но понекогаш за тој живот мора да се избориме, наместо тој да се подразбира. Доверувањето некому е често пати првиот чекор во спречувањето на насилството.
– „Насилните личности ќе се откажат ако ги игнорирате или со насилните личности треба да се истепате или да им возвратите со иста мера“ – Неточно. Нема правила кои важат за сите насилни личности и ситуации во кои може да се најде некоја жртва.
Превентива
– Не ги заштитувајте децата премногу – Нема да биде лесно на детето да му кажете дека е можно да се случи и тоа од што вие најмногу се плашите, но тоа не е оправдание да замижите пред можните опасности. Уште е поризично доколку верувате дека на детето никогаш нема да му биде потребна вештината на самоодбраната, како и дека „тие работи секогаш им се случуваат на другите“. Детето кое добило повеќе информации ќе постапува правилно, ќе прави логични избори и ќе донесува одлуки засновани на тие информации.
– Правото да се каже „НЕ“ – Имаме навика да ги учиме децата дека „не“, „не сакам“ и „не можам“ се т.н. грди зборови, кои никогаш не се зборуваат. Меѓутоа во современиот свет, овие зборови понекогаш се „шифра за опстанок“. Неопходно е вашето дете да умее вербално или невербално да ги користи, бидејќи тоа е начин на спротивставување на насилството.
Kurir