Приказната за Фред Стобау ќе ве разнежни и ќе ви покаже дека вистинската љубов навистина трае вечно. 96-годишниот старец останал со скршено срце по смртта на својата сопруга со која бил во брак цели 73 години.
Една вечер, седејќи сам, добил инспирација да напише песна за својата сакана Лорејн. Но, песната не останала во некое шкафче. Откако Фред видел реклама за локално студио кое организирало натпревар за музички таленти, одлучил да им го испрати љубовниот текст.
Тимот на Green Shoe Studios бил изненаден што во нивното поштенско сандаче пристигнало писмо со слатка песна, бидејќи еден од условите на натпреварот бил песните да се во форма на видео. Сепак, приказната толку допрела до нив, што веднаш стапиле во контакт со Фред и му предложиле да ја снимат песната.
Одушевениот Фред на почетокот бил загрижен како ќе плати за снимањето, но откако дознал дека тоа нема да го чини ниту цент, со уште поголема радост ја примил веста.
„Тоа беа прекрасни 75 години. Често ми изгледаат некако нереално, како во сон. Но, беа реални, само тоа можам да го кажам… Навистина, навистина ми недостига“ – вели со тага романтичниот старец.
„Oh sweet Lorraine, I wish we could do all the good times over again/ Oh sweet Lorraine, life only goes around once but never again“ – се вели во песната на Фред.
Погледнете го видеото со приказната на Фред кое завршува со љубовната песна „Oh Sweet Lorraine“.