Демократската партија ја информира белградската полиција дека нејзиниот претседател и градоначалник на Белград, Драган Ѓилас, почесниот претседател на ДП и поранешен српски претседател Борис Тадиќ и заменик-претседателот на партијата и премиер на Војводина Бојан Пајтиќ добиле смртни закани.
Заканите биле упатени преку социјалната мрежа Фејсбук. ДП апелира до властите да го расчистат инцидентот.
– Независно од кого се упатени заканите, треба многу сериозно да бидат сфатени. Расчистувањето на таквите инциденти се единствениот начин да се фокусира вниманието на насилството, на заканите и на говорот на омраза, се наведува во соопштението на ДП, при што се додава дека Владата е одговорна за атмосферата на страв, насилство и кршење на човековите права.
Полицијата се уште не го коментираше соопштението на ДП
Press24