Македонците “зависни“ од кредитни картички


Во земјава, заклучно со јули во употреба биле 1,5 милион картички. Според најновите податоци на Народната Банка од почетокот на годинава во континуитет расте бројот на картички.

credit-cardsОд вкупниот број, најголем дел 1,1 милион картички, или 73% се дебитни картички. Според бројноста, следуваат кредитни картички – 311 илјади, потоа картичките со кеш-функција чии број изнесува скоро 60 илјади.

Сумирано, овие бројки укажуваат дека безмалку секој граѓанин на Македонија е задолжен со по една кратичка, или пак пресметано во однос на вкупниот број на вработени граѓани, тоа би значело дека во просек секој кој заработува – должи по 2,3 картички.

Само преку картичките во јули се свртеле 188 милиони евра, од кои најголем дел или 162 милиони евра поминале преку дебитните картички додека преку кредтните вкупниот остварен промет изнесува 23 милиони евра.

Во однос на првиот месец од годинва забележан е тренд на пораст на картичките. Така за седум месеци бројката се зголемила за 43 илјади нови картички. Од јануари до јули бројот на кредитните картички е зголемен за скоро 15 илјади ново издадени картички.

Во јули, во земјава имало 23 722 трговци кои работата со картички а како накористени трендови се посочуваат : American Express, Casys, Diners, EURO Standard, Mastercard, ProCredit и VISA.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1