На социјалната мрежа Фејсбук се проширил нов вирус кој веќе зафатил над 800.000 компјутери – пишуваат странските медиуми.
Имено, како што јавува „The New York Тimes“ вирусот се појавува во облик на како приватна порака на Фејсбук, во која се вели дека некој ве означил во некое видео клип.
Кога ќе кликнете на линкот ќе бидете пренасочени на друга страна која од вас ќе побара да превземете екстензија или плугин за да можете да го прегледате видеото.
Откако ќе го превземете плугинот вирусот го зафаќа вашиот компјутер и има пристап на се што сте зачувале на вашиот компјутер вклучувајќи ги и профилите со запаметена лозинка.
Ова е вистинска закана особено затоа што голем број на луѓе ги зачувуваат нивните лозинки од неколку различни мрежи во нивните веб пребарувачи.
Истражувачите велат дека вирусот се шири со брзина од 40.000 напади на час и има заразено повеќе од 800.000 луѓе, повеќето преку „Chrome“ пребарувачот.
Од „Google“ се свесни за нападот и работат на негово оневозможување, а пак во „Facebook“ работат на отстранување на овие линкови.
Портпаролот на „Facebook“ вели дека компанијата моментално ги блокира луѓето да кликнат на овој линк.