На бензиската пумпа на Лук Оил во Охрид, вчера се вратиле педестина возила кои тука наточиле гориво, а во резервоарите добиле вода , дознава Охрид 1 од свои извори во инспекциските служби, а во моментот кога новинарите заминале на местото затекнале нервозни граѓани кои бурно реагирале и инспектори кои проверувале на лице место.
Граѓаните кои тука точеле гориво имале проблеми со своите возила на кои им ”гаснел ” моторот заради водата која им била наточена во резервоарите.
Инспекцијата излегла на терен и извршила увид на лице место, земени биле мостри од горивата, а според извори од граѓаните кои биле погодени вработените тврделе дека се работело за скинато црево од кое се излеала вода.
Инаку според информации од инспекцијата, ова е втор пат да се случи на безниските на Лук Оил во Охрид да се точи вода место гориво.
Од вода во резервоарите, гаснеле автомобили, но и камиони, а на бензиската пумпа новинарите затекнале и камиони, меѓу кои и една цистерна чиј шофер бурно реагирал затоа што останала ” на пат со возилото ”.
Дел од луѓето кои тврдеа дека наместо гриво на бензиската на Лук Оил им ставиле вода најавија дека ќе поднесат приватни тужби против фирмата, пишува Охрид1