Чистачката ги помешала шишињата – на битолчанецот да му е дадена инфузија со средство за чистење под?!


Нова Македонија објавува неофицијална информација дека на 60 годишниот Јорго Ангеловски кој почина по примената инфузија, можно е наместо раствор за плакнење на стомакот да му е дадена инфузија со средство за дезинфекција дезинтал!

infuzijaЈорго Ангеловски бил примен на 15 август во болница со болки во стомакот. Починал откако му била дадена инфузија.

Нова Македонија, во недостиг на официјално образложение, пренесува неофицијални информации повикувајќи се на извори во болницата, според кои во Клиничката болница во Битола во тек е дисциплинска постапка за утврдување на одговорноста на вработените во Службата за ургентна медицина што критичниот ден го примиле на лекување покојниот и кои, наместо инфузиски раствор за плакнење на желудникот, му дале средство за дезинфекција „дезинтал“, со кое во службата се дезинфицирал подот!

„ Лекарката се правдала дека откако таа го примила пациентот Јорго Ангелевски, ѝ рекла на сестрата да му даде инфузиски раствор за плакнење на желудникот, а сестрата, пак, таквата наредба ја препратила до транспортерот, кој воден од желбата да помогне, без да забележи, наместо со инфузиски раствор, го зел шишето со средство за дезинфекција и почнал со плакнење на желудникот на покојниот Ангелевски“ пишува Нова Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1